|
|
Македонскиот фудбалер Горан Пандев повторно се запиша во листата на стрелците во Лигата на шампионите. Со голот на Пандев во 30-та минута Лацио дојде во водство на Олимпико во дуелот со Олимпијакос, но потоа гостите од Грција направија пресврт со головите на Галети и Ковачевиќ, со што сега пласманот на Лацио во следниот круг од ова натпреварување се сведува само на теоретски шанси. Еве ги комплетните резултати од денешните натпревари во Лигата на шампионите: Бешикташ – Олимпик 2:1 Ливерпул - Порто 4:1 Розенборг - Челси 0:4 Валенсија - Шалке 0:0 Лацио – Олимпијакос 1:2 Вердер – Реал Мадрид 3:2 Бенфика – Милан 1:1 Глазгов Селтик - Шахтјор 2:1
28/11/2007 - 23:15
|
|
|
|
Листата на земји заинтересирани за организација на Светското првенство во фудбал во 2018 година, се прошири со уште едно име. После Англија, Холандија и Белгија, Кина , Соединетите Американски Држави, Јапонија и Австралија, како потенцијален кандидат се јави и Португалија. Домаќинот на ЕУРО 2004 сепак смета дека ваков настан е премногу голем и значаен за нив, па на својот сосед Шпанија му понудиле заеднички да се кандидираат за ова првенство. ФИФА заради преголемиот број на земји кандидати одлучила да воведе нов начин на избор на домаќин, со гласање во повеќе кругови, нешто слично како што се одбира домаќинот на Олимписките Игри.
28/11/2007 - 20:45
|
|
|
|
Фудбалерите на Работнички Кометал остварија победа од 2:0 во првиот натпревар од ¼ финалето на македонскиот фудбалски Куп против градскиот ривал Вардар. Со 2:0 победа забележаа и фудбалерите на Милано против Ренова, додека Македонија Ѓорче Петров забележа минималн апобед аод 2:1 во дуелот со второлигашот Скопје. Четвртиод дуел од ова ¼ финале помеѓу Илинден од Велмеј и Нове Милениум од Сушица не се одигра заради тоа што екипата од Велкмеј незадоволна од Фудбалската Федерација на Македонија реши да го напушти купот и првенството. Реванш натпреварите од ¼ финалето на купот се играат на 12-ти декември.
28/11/2007 - 18:20
|
|
|
|
Утрово бордот на Англиската фудбалска асоцијација одлучи да го раскине договорот со селекторот Стив Мекларен, после вчерашниот пораз од Хрватска од 3:2 со што англиската репрезентација не успеа да обезбеди пласман на ЕУРО 2008. Покрај Мекларен раскин на договорот доби и неговиот помошник Тери Венејблс. “Како и секој англиски фудбалски фан, така и ние сме многу разочарани што не супеавме да се квалификуваме за ЕУРО 2008, и знам дека Стив е разочаран многу повеќе од било кого“, изјави претседателот на Фудбалската асоцијација на Англија, Геоф Томсон, и додаде дека веднаш започнал процесот за избор на нов селектор и дека ќе направат се за да го донесат вистинскиот човек за оваа позиција.
22/11/2007 - 11:44
|
|
|
|
Македонската фудбалска репрезентација со пораз ги заврши квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Австрија и Швајцарија. На гостувањето на стадионот „Рамат Ган“ во Тел Авив избраниците на Сречко Катанец загубија од селекцијата на Израел со минимални 1:0. Со овој пораз, Македонијa квалификацискиот циклус го завршува на 5-то место со ефект од 4 победи, две нерешени средби и 6 порази. Освоивме 14 бода, постигнавме 12, а примивме исто толку голови. Во драматичен натпревар на Вембли вечерва Хрватска ја победи Англија со 3:2 со што ги елиминираше англичаните од ова големо натпреварување. Русија славеше минимална победа над Андора од 1:0, што и беше доволно за второто место во нашата група и пласман на завршницата на ЕУРО 2008. Пласман на ЕУРО 2008 обезбедија и Турција, Португалија и Шведска, а веќе претходно тоа го сторија и репрезентациите на Полска, Италија, Франција, Грција, Чешка, Германија, Хрватска, Шпанија, Шведска, Романија и Холандија. Ждрепката за завршниот турнир на ЕУРО 2008, во која 16 репрезентации ќе бидат поделени во четири групи, ќе се одржи на 2 декември во Луцерн.
21/11/2007 - 23:44
|
|
|
|
други вести
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
погледнете
ги сите денешни вести
|