|
|
Репрезентацијата на Еквадор заслужено дојде до првата победа на СП, победувајќи ја Полска со 2:0. Јужноамериканците до успехот дојдоа со дисциплинирана игра, додека полските репрезентативци одиграа испод очекувањата. Еквадор дојде во водство со голот на Тенорио во 24-та минута, а конечниот резултат го постави Делгадо во 80-та минута. Полска со денешната игра ешко дека ќе може да направи нешто во следните два натпревари од групата А, против Репрезентациите на Германија и Костарика. Да потсетиме дека репрезентацијата на Македонија во пријателски натпревар пред почетокот на СП ја совлада репрезентацијата на Еквадор со 2:1.
9/6/2006 - 22:57
|
|
|
|
Репрезентацијата на Германија со победа го отвори 18-то Светско првенство во фудбал. Германија на отварањето во Минхен ја совлада Костарика со 4:2. Првиот гол на првенството го постигна германецот Филип Лам во 6-та минута. Во 12-та минута шок за домашната публика, Костарика изедначува на 1:1 со голот на Вончоп. Но кратко траеше радоста на Костарика, бидејќи Клосе постигна гол во 17-та минута. Костарика во второто полувреме заигра нешто похрабро но не доволно добро за да направи пресврт на резултатот. Клосе уште еднаш се запиша во листата на стрелците во 61-та минута. Вончоп повторно се запишува во листата на стрелци во 73-та минута, а конечниот резултат на средбата го постави Фрингс во 87-та минута.
9/6/2006 - 20:10
|
|
|
|
Најдобриот светски фудбалер сезонава, Роналдињу, ги окупираше бразилските телевизии со своето појавување на безброј рекламни спотови во кои тој е главен лик. Роналдињу го има на секакви реклами, од оние за дезодоранси до банки. Роналдињу има спонзорски договори во вредност од 47 милиони евра што го прави фудбалер со најмногу приходи од реклами. Додека главната ѕвезда на Бразил се подготвува за СП, експертите за реклами отворија дебата дали ова со Роналдињу е претерување. Некои сметаат дека го има на премногу реклами и оти тоа некогаш може да има и контраефект. Роналдињу (26) е ѕвезда во реклами на пијалоците “Гејторејд” и “Пепси”, спортска опрема “Најк”, компанијата за мобилна телефонија “Ои”, дезодорансите “Рексона” и Сантандер банката. Производители на сладоледи продаваат лижавчиња со ликот на Роналдињу.
9/6/2006 - 11:40
|
|
|
|
Напаѓачот на парагвајската репрезентација Хозе Кардосо, кој е најдобар стрелец во историјата на националниот тим, е повлечен од списокот на селекторот за СП во Германија, заради повреда, соопшти фудбалскиот сојуз на оваа земја. “Хозе Кардосо има повреда на листот на левата нога и на тоа место има оток“, стои во соопштението од сојузот. На негово место селекторот Анибал Руиз го повика 22-годишниот Данте Лопез, кој игра во италијанската Џенова. Парагвај првиот натпрева на СП го има во сабота против Англија, во рамките од групата Б.
7/6/2006 - 09:40
|
|
|
|
Селекторот на Бразил Алберто Пареира изјави дека најголемата звезда во неговиот тим Роналдињо ќе заигра во одлична форма кога тоа ќе биде најпотребно. “Роналдињо ќе биде многу подобар отколку на Светското првенство пред четири години. Тој веќе созреа како човек, личност и фудбалер и тоа ќе се одрази на неговата игра на првенството“, изјави Пареира и додаде: “Неговата техника не е лесно да се објасни. Он едноставно со топката може да направи се што ќе посака“.
7/6/2006 - 08:50
|
|
|
|
Душан Петковиќ, кој на репрезентацијата на Србија и Црна Гора и се приклучи после повредата на Мирко Вучиниќ, не отпатува со останатите репрезентативци во Германија, заради големиот притисок од јавноста бидејќи неговиот татко Илија Петковиќ, селекторот на СИЦГ, го повика во репрезентацијата. Душан Петковиќ оваа одлука му ја соопштил на својот татко и селектор на крајот од припремите во Австрија. Селекторото се консултирал со раководството на Фудбалскиот сојуз на СИЦГ, па одлуката била прифатена. На прашање дали селекторот ќе повика друг фудбалер на местото на својот син, портпаролот на репрезентацијата изјави дека се размислува за тоа, но прашање е и дали ќе биде тоа изводливо. Според правилата на ФИФА играчот може да биде заменет до 24 часа пред почетокот на првиот натпревар на СП, но само ако станува збор за повреда.
6/6/2006 - 15:24
|
|
|
|
други вести
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|